– ЕУ бара итно и безусловно ослободување на Бабарико, како и на сите политички затвореници, притворени новинари и луѓе кои се зад решетки поради остварување на нивните основни права, стои во документот.

Белорускиот опозициски лидер Виктор Бабарико, кој планираше да учествува на претседателските избори во август 2020 година против Александар Лукашенко, но беше уапсен неколку недели претходно, денеска беше осуден на 14 години затвор поради корупција.

Бабарико е осуден за примање поткуп и перење пари, објави белоруската невладина организација Вјасна, повикувајќи се на пресудата на Врховниот суд.

Со оглед на тоа што пресудата беше изречена од Врховниот суд, на Бабарико не му е дозволено да поднесе жалба