ЕМА постојано сугерираше дека се потребни повеќе податоци пред да се одобри употребата на третата доза од вакцинатa против коронавирус, пренесуваaт регионалните медиуми.
Според извештаите на агенциите, „Зголемените дози во моментов не се одобрени за маркетинг и сè уште не биле предмет на научна проценка од страна на научниците од ЕМА, бидејќи нема доволно податоци“, порача комисијата на ЕУ.
Во соопштението се додава дека одговорноста за одлучување за вклучување на третата доза од вакцината во кампањите за вакцинација лежи на самите земји членки и тоа може да значи дека во случај на неочекувани несакани ефекти кај пациентите, земјите од ЕУ може да сносат правни последици.
Комисијата на ЕУ, исто така, рече дека во такви случаи, одговорноста на компаниите за вакцини нема целосно да исчезне ако третата доза од вакцините се администрира без одобрение од ЕМА.
Секоја компанија што доставува вакцини против Ковид-19 на Европската Унија преговараше за различни клаузули, кои остануваат во голема мера доверливи.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека Австрија, Белгија, Франција, Унгарија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург и Словенија во моментов препорачуваат употреба на трета доз од вакцината против Ковид-19, додека 13 други европски земји се уште разговараат за тоа.
Трета доза од вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна за Американците од 20 септември, соопштија американските здравствени власти минатата недела.