Владите на државите членки на Европската унија денеска се договорија за деветтиот пакет санкции против Русија поради нападот на Москва врз Украина, објавија дипломати на ЕУ.

Пакетот ќе биде формализиран преку она што ЕУ го нарекува „писмена процедура“ до утре напладне.

„Санкциите се договорени. Писмена процедура до утре напладне“, изјави еден од дипломатите.