Министрите за финансии на ЕУ денеска одобрија една милијарда евра финансиска помош за Украина, прва рата од ветениот буџет од девет милијарди евра за Киев, договорен од европските лидери во мај.
– Ова ќе и ги даде на Украина потребните средства за покривање на итните потреби и за обезбедување функционирање на критичната инфраструктура, рече Збинек Станјура, министер за финансии од Чешката Република, која претседава со ЕУ.