Австралија се здружи со Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави во областа на заштитата и безбедноста преку механизмот АУКУС и објави дека се повлекува од договорот за купување подморници од 56 милијарди евра со француската компанија „Навал груп“, што предвиде производство на 12 нападни подморници од класата „Баракуда“. Оваа одлука беше остро критикувана во Франција.
Следната 12 -та рунда трговски разговори меѓу Брисел и Канбера беше закажана за октомври. Според извори од Европската комисија, преговорите не можат да одат според планот поради голем број нерешени прашања. Според нив, постои можност тие да бидат одложени за околу еден месец.