Службеник на германската влада, истакнал дека ако не се обезбедат потребните податоци за клинички испитувања на надзорниот опрган за лекови во ЕУ, „зеленото светло“ за вакцината ќе се одложи барем до септември.

-Одобрувањето на Спутник V веројатно ќе се одложи до септември, можеби до крајот на годината, соопштил изворот кој барал да остане анонимен.

Се очекуваше, Европската агенција за лекови (ЕМА) да заврши со испитување на руската вакцина и да донесе одлука во мај или јуни.

Друг извор за Ројтерс тврди дека иако рокот не е запазен, ЕМА му даде на производителот на вакцини, рускиот институт Гамалеа, уште една недела да ги обезбеди потребните податоци.