Европската унија денеска го усвои 11-тиот пакет санкции против Русија, соопшти шведското претседателство со ЕУ.
„Амбасадорите на ЕУ денеска се согласија за 11-тиот пакет санкции против Русија. Санкциите вклучуваат мерки насочени кон борба против затајувањето санкции и списоци на поединци“, објави шведското претседателство со ЕУ на Твитер.
ЕУ досега воведе серија остри санкции кон Русија како одговор на војната против Украина.