Кина ја осуди како „апсурдна“ забелешката на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој на прием во Калифорнија рече дека неговиот кинески колега Си Џинпинг припаѓа на категоријата „диктатор“.

– Таа забелешка од американската страна е навистина апсурдна, многу неодговорна и не соодветствува со реалноста – изјави за новинарите портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, одговарајќи на прашање за тоа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа на прием кај донаторите на Демократската партија во Калифорнија во присуство на новинари оцени дека неговиот кинески колега Си Џинпинг спаѓа во категоријата „диктатор“.