Европската унија и 24 земји повикаа на итен одговор за прекин на гладувањето во Газа поради речиси двегодишната војна
Европската унија, Велика Британија, Јапонија и други земји денеска побараа итен одговор за ставање крај на гладувањето во Газа. Израел е во војна речиси две години.
„Хуманитарното страдање во Газа достигна незамисливи нивоа. Луѓето гладуваат пред нашите очи“, објави ЕУ заедно со уште 24 други земји.
Канада и Австралија се меѓу потписниците кои го повикуваат Израел да дозволи премин на сите конвои со хуманитарна помош на меѓународните невладини организации. Тие бараат да се отстранат пречките што ги спречуваат хуманитарните работници да интервенираат.
Соопштението го потпиша шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, заедно со министрите за надворешни работи на 17 членки на Европската унија.