-ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ, напиша Ленарчиќ на Твитер.
Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.