Бугарскиот заменик-регионален министер Захари Христов, објавија бугарски медиуми, појасни дека инвестициите ќе бидат насочени кон развој на чиста и зелена средина, одржлив туризам и поддршка на конкурентноста во прекуграничниот регион. Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен пункт „Клепало“ помеѓу општините Струмјани и Берово.

Христов рече дека благодарение на програмите Интеррег, во последните 20 години е обновен изгледот на пограничните населени места на двете земји. Обезбеден е соодветен пристап до природните знаменитости, обновени се античките тврдини и цркви, а помогнати се и локалните културни, образовни и спортски центри да бидат активни. Според него, досега направеното придонело за позитивна промена во односите меѓу двата народа.

Оваа година, Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА помеѓу Бугарија и Македонија по повод Денот на европската соработка, денеска организира Виртуелен саем за туризам, вклучувајќи различни дестинации во рамките на програмата.