Европската унија одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром.
-По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети, изјави координаторот.
Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.
Бергстром изјави дека ЕУ се уште нема потпишано договор со ниту една компанија.
-Но, ќе го направиме тоа наскоро.Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни, рече тој.