Европската комисија ноќеска објави проект за доделување зелена ознака на гасните и нуклеарните централи, што треба да го олесни финансирањето на постројките вклучени во борбата против климатските промени.
Нацрт-текстот, кој сè уште е привремен и за него се дискутира со месеци, е испратен до земјите-членки на 31 декември, нешто пред полноќ, изјавиле извори за Франс прес.
Тој поставува одредници кои ќе ги направат одржливи инвестициите во нуклеарните и гасните електрани, со цел да се фокусира зеленото финансирање на активности кои придонесуваат за намалување на стакленички гасови.
На ваков текст повикала Франција, која што сака да ја обнови својата нуклеарна мрежа, извор на стабилна и декагрбонизирана електрична енергија, и централноевропските земји како Полска и Чешка, кои треба да ги заменат своите електрани кои се големи загадувачи. Благодарение на ваквата класификација, трошоците за финансирање се намалуваат, што е клучно за енергетските проекти и за земјите кои сакаат да учествуваат во нив.
Еколошките активисти се противат на признавањето на гасните и нуклеарните централи поради производството на радиоактивен отпад. Мала група земји предводени од Германија се мачат да ја напуштат нуклеарната енергија.
Сепак, поддржувачите на гасот и нуклеарните централи исто така се согласуваат дека обновливите извори на енергија (ветер, сончева енергија), кои веќе се класифицирани од Комисијата, страдаат од прекини во производството и нема да можат да обезбедат евтина електрична енергија што може да се контролира. Предлогот од Брисел, кој што му бил даден на АФП, ги одредува условите за вклучување на нуклеарните и гасните централи, особено временската граница.
За изградба на нови нуклеарни централи проектите ќе треба да добијат дозвола пред 2045 година. Што се однесува до работите за продолжување на животниот век на постоечките електрани, тие ќе треба да бидат одобрени до 2040 година. Се бараат и гаранции за третман на отпадот и затворање на нуклеарните централи.