Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија, кои исто така вклучуваат етапна забрана за увоз на нафта, се вели во документот во кој имаа увид француски медиуми.

Новиот список вклучува 58 санкционирани лица, меѓу кои и многу руски воен персонал, но и сопругата, ќерката и синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.