Разговорите и предлозите за условите што ги постави косовскиот премиер Албин Курти за формирање на Заедницата за српски општини треба да се одвиваат во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, велат од Европската Унија.

Претставници на Унијата велат дека европскиот блок е подготвен да овозможи разговори на оваа тема веќе на следниот состанок.