Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) предупреди дека кинеските воени вежби во близина на Тајван претставуваат закана за меѓународниот мир и стабилност, нагласувајќи ја важноста од воздржаност и дијалог.
„Мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец се од стратешко значење за регионалната и глобалната безбедност и просперитет. Ги повторуваме нашите повици за воздржаност и избегнување на какви било дејствија што можат дополнително да ги ескалираат тензиите, кои треба да се решат преку дијалог“, наведува ЕЕАС во соопштението.
Од Европската служба за надворешни работи дополнуваат дека Европската Унија има „директен интерес за зачувување на статус-кво во Тајванскиот Теснец“. Притоа се истакнува дека ЕУ се спротивставува на „едностраните дејствија што ја менуваат статус-кво ситуацијата, особено со сила или принуда“.
