Според информациите од социјалните мрежи, стоковната куќа „Икеа“ денеска била евакуирана. Како што може да се види на фотографиите кои се појавија на Инстаграм профилот „Serbialive_Beograd“, вработените и клиентите се на паркингот.
Овој инцидент не бил пријавен во полиција, а како што пренесуваат српските медиуми неофицијалн грешка бил вклучен алармот и поради тоа сите присутни го напуштиле ланецот продавници. Според првите информации, за време на оваа драма нема повредени. Икеа од Белград по евакуацијата на зградата излезе со соопштение во кое нагласи дека дошло до техничка грешка поради која се огласил алармот.
-Нешто пред пладне во стоковната куќа Икеа се огласи аларм, по што е извршена превентивна евакуација на сите клиенти, посетители и вработени во стоковната куќа. По темелна проверка било утврдено дека нема опасност, а алармот бил вклучен поради технички тешкотии. По десет минути сите системи беа вратени во функција, а вработените се вратија во стоковната куќа, малку подоцна, така и клиентите и продолжија нормалните активности, соопшти Икеа.