Слаб интерес за струмичкиот бостан оваа сезона. Производителите се жалат на лош пласман и цени кои се под секоја пазарна логика. На пазарот на големо во Колешино лубениците се продаваат по цена од 1 до 2 денари за килограм. За една тракторска приколка, во зависност од големината, трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само за два вреќи вештачко ѓубре. информира Сител ТВ

Разочарани од ваквата состојба, производителите размислуваат од идната година целосно да се откажат од земјоделието.

Ниските цени и лошиот пласман не се единствените проблеми со кои се соочија производителите на бостан оваа година. Пред околу месец половина тие претрпеа и дополнителни штети од невремето со град што го зафати овој регион во кое најмногу страдаше токму производството со бостан.