Таа измените ги достави на судот без да каже за што се однесуваат. На ова реагираше одбраната на обвинетите дека мора да бидат запознаени со измените и да им се даде можност за контра докази.
Во новите измени, како што пренесува Република, со кои обвинителката реши да го збогати обвинението откако постапката е завршена, се вели дека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со Спиро Рисовски, ги организирале протестите, чија цел било да се спречи изборот на нов претседател на Собранието по секоја цена. Русковска тврди дека по насока на поранешниот премиер, тие се грижеле за тоа во кој град во колку часот ќе започне протестот и дека дури и биле организатори на протестите, а не како досега дека само контактирале со општинските комитети за да повикаат на масивност. Според неа, Јанакиески дури и му дал насоки на Крсто Мукоски да застане пред оној што чита за да се оневозможи изборот на Џафери.
Од одбраната бурно реагираат на ваквиот потег од Русковска, која со ова обвинение во последен момент, всушност ги спречува обвинетите да се изјаснат за новите измени – дали се чуствуваат виновни. Тие прашуваат зошто не е реотворена јавната расправа, кога станува збор за големи промени и измени во обвинијата, за кои досега не беа понудени никакви материјални докази.
Се очекува како ќе одговори судот на овој преседан, кој уште еднаш може да покаже дека во Македонија постои само нарачана правда