Американската докторка Натали Вилијамс појаснува што може да се очекува по втората доза и кога можеме да се вратиме во нормалниот живот.

Почекајте со нормалните активности до втората доза на вакцината

Според д-р Вилијамс, луѓето ги повторуваат истите грешки 3 до 4 недели по првата доза на вакцината. „Фајзер“ и „Модерна“ имаат многу слаб имунолошки одговор по првата вакцинација, затоа, за целосна заштита е потребно да се почека втората доза, од 21-28 дена по примањето на првата.

Истото го потврдуваат и експерти од Центарот за превенција и контрола на болести, бидејќи извештаите покажуваат дека инфекцијата по првата вакцина („Фајзер“ и „Модерна“) може да биде можна и до 80 отсто, додека втората доза ќе ја зголеми ефикасноста на вакцините до 90 отсто по две недели.

Можете да се заразите по првата доза на вакцината

Сите сакаме да патуваме, да се дружиме со пријателите и да одиме без маска, но треба трпение. Д-р Вилијамс советува да се почека втората доза, бидејќи вакцинираните може да ја шират заразата, но и да се заразат.

По првата вакцина, може да се очекуваат симптоми како што се болка во раката, замор, температура и гадење, но тие не се причина за загриженост. Исто така, овие симптоми може да бидат и поинтензивни по втората доза, но би требало да исчезнат по неколку дена.

-Важно е да го сфатите концептот на ефикасноста на вакцините, а станува збор за тоа како таа дејствува кога се тестира. Првичните студии за ефикасност не ги земаат предвид непознатите работи кои се својствени за некои луѓе, ниту промените што доаѓаат, како што е појавата на новиот сој на вирусот. Забележани се случаи кога некоја личност се заразила по првата доза, што не би требало да се случи по втората доза. Токму поради оваа причина, потребно е да се почека втората доза на вакцината пред да се вратиме во „старото“ нормално – вели д-р. Вилијамс,.

Ако ги забележете овие шест симптоми по вакцинирањето, веднаш побарајте лекарска помош

Веројатноста за појава на згрутчувањето на крвта како можна нуспојава од вакцинацијата е исклучително мала, но луѓето треба да бидат свесни за можните симптоми со цел да ги препознаат и да побараат итна медицинска помош што ќе им овозможи навремено лекување и намалување на ризикот од компликации.

Крвните згрутчувања придружени со мал број на тромбоцити може да се појават од четири до 20 дена по вакцинацијата. Вакцинираните лица треба да побараат итна лекарска помош доколку ги забележат следниве симптоми:

– Краток здив (отежнато дишење)

– Болки во градниот кош

– Отекување на нозете

– Долготрајни болки во стомакот

– Невролошки симптоми, како што се силна и долготрајна главоболка или заматен вид
знаци на ситно точкасто крвавење (модринки) на кожата оддалечени од местото на примената вакцина

Податоците за зачестеноста и ризичните фактори за настанувањето на овој многу редок вид на нуспојави сè уште се оскудни.