Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.
Мицкоски на крај кажа за каква личност станува збор опишувајќи го актуелниот градоначалник на Карпош.
„После тоа разочаран, бидејќи истото тоа го потврдија и нашите советници во советот му кажаа не благодарам, почна да го напаѓа мојот родител, па потоа мојата сопруга, па да го навредува мојот постар син за да на крај се скара и со помалиот син. Ете за таква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември и масовно да гласаме за Сотир да го заокружиме бројот 9“ истакна Мицкоски.
