Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, откри што мисли за ситуацијата на напаѓачот Кристијано Роналдо во клубот од „Олд Трафорд“.

– Да се ​​префрли Роналдо во резерва е многу силна одлука. Можеби ова него му изгледа неправедно, бидејќи минатата сезона постигна околу 18 гола. Но, тимот има главен тренер кој ја носи конечната одлука. Мислам дека тренерот треба да разговара со Роналдо, изјави Евра за „Сан“.

Триесет и седумгодишниот Португалец одигра шест натпревари оваа сезона во Премиер лигата и нема постигнат гол.

Во летниот трансфер период фудбалерот сакаше да го напушти Манчестер јунајтед, но неговиот менаџер не најде поволна понуда.