-На средбата стана збор за проекти реализирани со средства на ЕУ во градот Кичево, кои се од витален интерес за неговите граѓани, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Фатмир Дехари, кој изрази голема благодарност за досегашната поддршка, што ја поздрави шефот на делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и наведе дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, со реализација и на други крупни проекти во општината.
Најголем проект кој финансиски го поддржа Канцеларијата на Европската унија во земјава, беше пречистителната станица за отпадни фекални води, која е пуштена во употреба 2018 година и која наскоро се очекува да биде заокружена со уште еден колекторски систем за преземање на фекалните води од северната регија од општината.