Сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, објави денеска на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

На средбата на лидерите на ЕУ и на шефовите на држави или влади на државите од Западен Балкан, ќе учествува и премерот Димитар Ковачевски.