Случајот се води заедно со Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Сега, се чекаат нејзини претставници за директна вклученост во истрагата.

Тие заедно со Обвинителството треба да утврдат дали директорката на националната агенција Лидија Димова, сопственикот на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, чија фирма добивала проекти од Националната агенција и Александар  Гочев, кој бил ангажиран во Националната агенција, сториле злоупотреба на европски  пари.

Освен за нив, истрагата ќе треба да покаже и дали пензионираната благајничка Ана Павлиду ќе се гони за несовесно работење во службата.

Секоја истражна постапка, вклучително и оваа за која покажувате интерес е основата врз која се темели понатамошниот тек на предметот. Во истражната постапка  се собираат потребни докази и податоци. Со оглед на севкупната состојба со пандемијата, предметниот јавен обвинител побара продолжување на рокот за спроведување на истражната постапка и истиот беше одобрен. Воедно, треба да се напомене дека во предметот има лица кои се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница, што подразбира и непосредна соработка со ОЛАФ. Во таа насока предметниот обвинител  преку меѓународна правна помош воспостави контакт со претставниците на ОЛАФ со  кои очекува интензивна соработка во наредниот период, велат од Обвинителството за „А1он“.

Повеќе на „А1он“.