Европската комисија започна нов финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката за приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра.
Како што се наведува во соопштението објавено на сајтот на ЕК, ова е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на Европската унија за Западен Балкан, пренесува Танјуг.
Проектите беа подготвени во тесна соработка со партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции со цел да се забрза европската перспектива на регионот.
Launched a 🆕financial package to support 1️⃣4️⃣big projects
✅in transport, energy, environment, human capital & private sector
▶️in the Western Balkans
✅in total €2.1 billion ⤵️under EU’s Economic and Investment Plan
⏩️We connect & close the divide.
🗞️https://t.co/iOIS5kbDDc— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) June 30, 2023
Европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји, рече дека новиот инвестициски пакет испраќа гласна и јасна порака до партнерите од Западен Балкан, дека нивната иднина е во ЕУ и дека „ние правиме постојан напредок“ со цел да се надмине нерамномерниот економски развој .
„Овие проекти подобро ќе ги поврзат земјите од регионот едни со други и со Унијата, ќе помогнат во декарбонизацијата на нивните економии и ќе обезбедат поддршка за конкурентноста на приватниот сектор во регионот“, рече Вархеји.
Тој ги повика партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции да започнат проекти што е можно поскоро за граѓаните и бизнисите во регионот да имаат корист од овие инвестиции.