Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик Македонија да биде раздвоена од Албанија на патот до ЕУ, вели француската државна секретарка за Европа Лоренс Бун во интервју за МИА. Според неа на потег сега е македонскиот Парламент, а пратениците се тие кои треба да носат како што вели одлуки за иднината.
Германската министерка Лирман како и нејзините колеги потенцира дека ова е единствената шанса која и е понудена на Македонија. Преговарачката рамка е поддржана од сите 27-земји членки, нема нови услови, а динамиката на реформите ќе ја одреди бризната на пристапниот процес, вели Лирман.
И полскиот министер за Европа Шинковски повикува македонските политичари да ја искористат шансата, бидејќи со изворите во ЕУ следната година, Унијата ќе биде фокусирана на внатрешните проблеми.
Доколку Македонија и Албанија го продолжат процесот, ќе бидат првите земји врз кои ќе ја следат новата методологија за проширување за која се залагаше Макрон.
Во последните две недели во Скопје пристигна шест министри од земјите членки на ЕУ со мисија да ја убедат опозицијата да се согласи на уставни измени како последна шанса за Македонија на европскиот пат. ВМРО ДПМНЕ иако останува на ставот дека нема да гласаат за менување на Уставот под бугарски мандат, сепак најавија учество во Комисијата за уставни прашања за да ги истакнат своите аргументи против процесот.