Според најновото истражување на „Eurothink“ за
2022 година кое истражување е спроведено од страна на агенцијата Брима од 12 декември до 27 декември 2022 година на репрезентативен примерок од 1006 испитаници. Испитаниците биле запрашани за надворешната политика во Република Македонија, односно за тоа дали меѓународната позиција на Република Македонија е посилна, послаба или иста во споредба со пред 12 месеци?
Па така според одговорот на испитаните можеме да забележиме дека во 2018-та година за послаба меѓународна позиција се изјасниле 27,4% додека пак во 2022 година се изјасниле 44% за послаба меѓународна позиција што значи зголемување од 16,6’% за доверба дека е послаба меѓународната позиција на Македонија. Додека пак на прашањето дали позицијата е посилна меѓународната позиција во 2018-та година се изјасниле 25,7% дека позицијата е посилна додека пак во 2022 година таа се намалува на 14% односно за 11,7% е намалена посилната меѓународна позиција на Република Македонија.
Следствено на сето ова се доведува до тоа дека граѓаните на Република Македонија се изјаснуваат дека сегашната власт предводена од СДСМ имаат послаба доверба во меѓународната позиција на Република Македонија во споредба со пред 12 месеци.
На прашањето дали верувате дека во наредните 12 месеци меѓународната позиција на државата ќе биде посилна, послаба или пак иста како и денес?
35,9% од испитаниците во 2018-та година сметале дека во наредните 12 месеци меѓународната позиција на државата ќе е посилна додека пак во 2022 година 13% од испитаниците сметале дека позицијата ќе е посилна што е намалување од 22,9% во однос од пред 4 години. Додека пак за послаба позиција во 2018-та година за наредните 12 месеци се изјасниле 21,7%, а во 2022 година се изјасниле 40% што е зголемување за 18,3%.
Можеме да забележиме дека во наредните 12 месеци 13% од граѓаните сметаат дека позицијата ќе е посилна додека пак за послаба позиција во наредните 12 месеци се изјасниле 40% од испитаниците. Со тоа се констатира и можеме да заклучиме дека актуелната власт предводена од СДСМ нема капацитет за меѓународна позиција на Република Македонија и водење на меѓународни политики.