Организаторите добија дозвола од британските власти за полн капацитет на гледалиштето, откако трката на патеката во Силверстон доби статус на пилот-проект за враќање на публиката на спортските натпревари во услови на пандемија на коронавирус.

– Сопствениците на влезници ќе мораат да покажат негативен тест на коронавирус не постар од 48 часови пред доаѓањето во Силверстон или потврда за извршена вакцинација, при што втората доза треба да биде примена најмалку 14 денови пред денот на почетокот на трката, информираа организаторите.

Минатата сезона во Силверстон се одржаа две трки од Светското првенство во Формула 1, и двете без присуство на публика.