Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болница и федерален универзитет.

Фајзер, кој ја разви вакцината со германскиот партнер БиоНТек, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио“ откако ќе се вакцинира населението.

-Иницијативата е прва и единствена од ваков вид што се презема во соработка со фармацевтска компанија во земја во развој, соопшти Фајзер.

Има мал отпор кон вакцината во Толедо, и 98 проценти од населението ја прими првата доза, претежно од Фајзер/БиоНТек. Вакцината Астра Зенека и Синовак против Ковид-19 исто така се користеше, информира општинската секретарка за здравство Габриела Кучерски, додавајќи дека 56 проценти од населението е целосно вакцинирано.

Реџис Гуларт, истражувач во болницата Моинхос де Венто во Порто Алегре, кој учествува во студијата, рече дека целта е да се потврди вистинската ефикасност и безбедност на вакцината која е веќе клинички тестирана.

Истражувањето исто така ќе овозможи долгорочно следење на учесниците со помош на одговори на прашања како што се времетраењето на заштитата од вакцината против Ковид-19 и нови варијанти на вирусот, рече Гуларт.