Голем пропуст на организаторот пред натпреварот од Универзитетската лига во американски фудбал помеѓу Мичиген Стејт и Мичиген Волверинс каде на семафорот се појави ликот на водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, пренесе СпортСпорт.

Сите на стадионот останаа во неверување и се чудеа како ликот на овој диктатор се појави на стадионот, а на крајот открено дека се работи за голем пропуст на организаторот.

Причината на појавувањето на ликот на Хитлер на екранот била поврзана со квиз со кој навивачите се анимираат пред стартот и на полувреме од натпреварот. Едно од прашањата било во која држава е роден Адолф Хитлер, а кога Австрија се појави како одговор се појави и ликот.

Составувачите на квизот не гледаат проблем и го оценуваат ова како нормално прашање од историјата, но голем дел од светот се згрозени затоа што му даваат значење на еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото.

Од клубот ги суспендираа одговорните лица, додека од клубот најавија дека нема повеќе да соработуваат со провајдерот кој е задолжен за пласирање на содржини.