Одземените предмети, како што се посочува, биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера во 14:40 часот на локалниот пат меѓу струшките села Велешта и Долна Белица го лишиле од слобода Х.А.(56) од Република Албанија, затекнат при извршување кражба на плац за автоделови, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одземените предмети, како што се посочува, биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.