Скопјанецот Јонуз Идризи е убиен, а уште три лица се ранети вечерва во Чаир, дознава 24 Инфо. Јонуз е најстариот брат на Камбер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.

Идризи бил застрелан пред чајџилница во близина на супермаркетот „Принц“.

Неговиот брат Камбер,беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Мотивите за убиството за сега не се познати. Дали е случајност што и Јонуз е убиен на неколку дена пред Рамазан Бајрам.

Камбер беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена. 24 Инфо тогаш пишуваше дека починатиот имал двоен идентитет и дека вечерта бил заведен во полицискиот извештај со лажните документи.

Двајцата биле во „голф 7“ кога дошол црн џип од кој пукале најмалку двајца со „калашникови“ испукале околу 90 куршуми.