Рано утрово во 03.50 часот на улица „Скопска“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Р.(28) од Република Албанија.

Тој бил затекнат при излегување од куќа, каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.