Пожар избувна во центарот на Скопје. Облак од густ црн чад се гледаше од повеќе точки на градот, на поголема оддалеченост, пренесува Макфакс.

Според првичните информации, пожарот е во населбата Маџир Маало, а објектот бил еден од последните со автентична скопска архитектура.

Неофицијално, куќата била напуштена.

Пожарот бил пријавен во Противпожарната бригада, чии екипи интервенирале на терен.