Во Македонија на повеќе универзитети при запишувањето, таков е случајот и со Битолскиот универзитет Свети Климент Охридски, примените кандидати меѓу другите документи поднесуваат: индекс и студентска легитимација, пријавни листови, три фотографии како и Потврда за уплатени 1.000,00 ден. за функционирање и развој на Универзитетот “Св. Климент Охридски – Битола.
Парите од секој од студентите се уплаќаат на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола, Банка НБРМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678852, ЕДБ 4002979132007, прихдоно конто: 723012, програма 42.
Ако се пресметаат бројот на студенти и сумата која мора да ја платат се работи за сериозни суми пари од кои според официјални документи на своја сметка голем дел добивале челниците на УКЛО.
Според документите кои се достапни на сите, од студентските пари се офајдиле повеќе членови на менаџментот на универзитетот,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА.
Тие според јавно достапни извори примале пари кои преку услуги и сервиси треба да им се враќаат на студентите за потребите на наставата и развој на универзитетот.
Фондот за функционирање и развој на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, наместо за подобра настава за студентите, според финансиските извештаи, служи за побогати банкарски сметки на Ректорот, проректорот, генералниот секретар и некои ,,подобни” декани.