Најмногу дожд 39 литри на метар квадратен до 17 часот наврна Ѓуриште, 34 литри во Тетово, 22 во Прилеп и Пожаране, а 16 литри во Скопје, соопшти УХМР.

Уште од претпладневните, а особено во попладневните часови на повеќе места беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места имаше поинтензивни процеси во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и електрични празнења, појава на град и силен ветер. Нестабилноста започна во западните делови па се поместуваше кон исток, така што во овие доцни попладневни часови поинтензивна нестабилност се уште има во источните и југоисточните делови од земјава. Најинтензивни процеси имаше во Полошкиот регион, потоа Пелагонија, Велешко, Светиниколско, Скопско, Кумановско.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, се уште со локални врнежи од дожд, на истокот поројни и проследени со грмежи. Врнежите најдолго ќе се задржат на југоистокот, а во останатите делови во текот на ноќта облачноста ќе се намали.