-На 25.06.2021 околу полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово.

Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за „Локално“ информираат од МВР.

Како што пишуваат повеќе медиуми Фетаи минла со полесни повреди и е пуштена на домашно лекување.