Научникот зборуваше ден по критиките од американскиот претседател Џо Бајден упатени фо Фејсбук и другите мрежи, во кои ги обвини за пренесување лажни податоци за вакцините и за убивање луѓе.

Претседателот на САД, Џо Бајден предупредува дека ширењето дезинформации на социјалните мрежи во врска со вирусот Ковид-19, ги “убива” луѓето.

Белата куќа го зголемува притисокот на социјалните мрежи да се намалат дезинформациите за коронавирусот, а од Фејсбук соопштуваат дека преземаат секакви “агресивни мерки” за да го заштитат јавното здравје, пенесува Би Би Си.

“Ги убивате луѓето. Единствената пандемија која ја имаме е помеѓу невакцинираните”, изјавил американскиот претседател на конференцијата за новинари во Белата куќа.

Американските здравствени експерти предупредуваат дека новоинфицираните од коронавирусот се токму невакцинираните луѓе, а за жал кај некои од нив резултирало со смрт со што бројката на смртни случаи исто така се зголемила.