Припадници на американското Федерално истреажно биро (ФБИ) врши претрес во викендичката на претседателот на САД, Џо Бајден во Рехобот Бич, во сојузната држава Делавер, изјави личниот адвокат на претседателот.
ФБИ продолжува да го истражуваат неговото поседување доверливи документи.
Претресот, како и најмалку два други спроведени на локации поврзани со Бајден, е преземен со соработка на претседателот и неговиот правен тим.
Не е познато дали во викендичката се пронајдени документи.
Боб Бауер, личниот адвокат на Бајден изјави дека ќе обезбеди „повеќе информации по завршувањето на денешниот претрес“.