„Фејсбук“ на неодредено време го блокираше пристапот на Трамп до неговите сметки на оваа социјална мрежа, како и на мрежата на Инстаграм, поради стравувања од идни немири по нападот на Конгресот на 6 јануари од страна на приврзаниците на Трамп.

Директорот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг рече дека ризикот да му се дозволи на претседателот да продолжи да ја користи услугата што ја нуди компанијата е едноставно преголем.