Социјалната мрежа формирана на Харвард денес е меѓу највлијателните на интернетот
Фејсбук, една од најпознатите и највлијателни социјални мрежи во историјата на интернетот, денес одбележува 22 години од своето основање.
Платформата е формирана на 4 февруари 2004 година од Марк Цукерберг заедно со Едуард Саверин, Дастин Московиц, Ендру Меколум и Крис Хјуз, кои имаа клучна улога во развојот на почетната верзија.
Од студентски проект до глобална мрежа
Првично наречен TheFacebook, сервисот беше наменет исклучиво за студентите на Харвард, но брзо се прошири на други универзитети и на пошироката јавност. Со текот на годините, Фејсбук прерасна во глобална платформа со милијарди корисници, менувајќи го начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат информации и консумираат содржина.
Во 2021 година, компанијата го промени своето име во Мета Платформс, со нагласен фокус на развој на нови технологии и виртуелни простори. Сепак, Фејсбук останува една од најзначајните услуги на компанијата и продолжува да има глобално влијание врз дигиталната комуникација.
