Самото постоење на феминистичките движења во 21. Век, а особено во европските земји е апсурдно. Нивната потреба од постоење во моментов е еднаква на постоењето на маскулистичките движења кои одамна ги нема.
Но еве да претпоставиме дека постои потреба од такви движења.
Пишува: Умејр Муамеди
Дали нивното постоење има ефекти и дали ги даваат потребните резултате кои ги целат овие движења? Дали сте приметиле дека повекето од настаните организирани од феминистичките движења се во урбани средини и претежно доаѓаат од интелектуалната сфера, односно од поединци кои имат завршено високо образование, успешно си градат кариера и се автономни личности кои не зависат од авторитетот на некој друг. Зошто нивните активности не се протегаат во поруралните средини односно да се однесуваат на личности кои зависат од нивните мажи, не одат на факултет само затоа што се жени, зависни се за се и сешто од нивните мажи и слично, за да се постигне ефектот на унапредување и подигнување на жените на исто ниво со мажите?
Оттука се поставува прашањето: Дали феминистките стварно се искрени во нивните намери односно дали нивната цел и нивната борба за унапредување на жената е искрена. Одговорот е НЕ, а тука ќе одвојам 2 причини.
ПРВО, со оглед дека нивните активности не се однесуваат на жени кои стварно имаат потреба од феминистичка едукација туку со луѓе кои се повикуаат исклучиво за оправдување на грантовите, покажува дека нивната цел е исклучиво искористување на грантови и донации од меѓународните организации. ВТОРО, феминистките можеби сакаат жените да напредуваат но не повеќе од нив и да бидат над нив.
На претстојните локални избори за Град Скопје се кандираат две жени. Само прашајте се дали феминистките ги поддржуваат?. Дали доколку некоја од тие жени стане Градоначалничка на Градот за феминистките ќе претставува сатисфакција ? Одговорот е НЕ, и напротив, ќе создаде дополнителна фрустрација бидејки они во никој случај не можат да поднесат некоја друга жена да биде над нив и поуспешна од нив бидејки таков е нивниот карактер.
Необјективноста на феминистките се приметува и кога беа и се актуелни сексистичките напади на членови и функционери од СДСМ како и од самиот премиер на државата упатени кон кандидатката за Градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска. Дали доколку кандидатката Арсовска беше кандидат од СДС: ке имаше реакции? Сигурно дека ДА, како што имаше и за Радмила Шекеринска.
Тука дополнително можеме да констатираме дека освен што се неискрени во нивните намери, тие се и партиски определени. Е сега кажете ми: Дали некоја организација која не е искрена во своите намери, не ги постигнува целите за кои е ангажирана, нерационално ги користат средствата кои им се доделени за постигнување на нивните цели па дури и е партиски определена, треба да постои?