Одлуката вечерва ја донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на која беа одредени и премиите за претстојното деби на македонската репрезентација на Еуро2020.

Како што е соопштено, за секоја победа од групната фаза на Европското првенство, македонските фудбалери ќе поделат парична награда во висина од 300.000 евра, додека премијата за секој нерешен резултат во групата со Украина, Австрија и Холандија ќе изнесува 150.000 евра.

Селекторот Ангеловски утре на прес-конференција треба да го соопшти составот за Европското првенство на кое македонската репрезентација својот прв натпревар го игра на 13 јуни против Австрија во Букурешт.