Белгија по четврти пат едноподруго ќе ја заврши календарската година како првопласирана на ФИФА ранг-листата, пред Бразил и Франција.
Следат Англија и Аргентина, додека европскиот првак Италија, против која македонските фудбалери ќе го играат полуфиналето во мундијалскиот бараж на 24 март во Палермо, е на шестото место. Меѓу првите десет репрезентации се и Шпанија, Португалија, Данска и Холандија