Амбасадорката Ефремова во своето обраќање се осврна на значењето на македонската литература и делото на Горан Стефановски, како еден од најистакнатите македонски драматурзи и автори на современата писателска генерација.

Презентација одржа преведувачот Ана Стефановска, која покрај сижето на целокупниот творечки опус на Горан Стефановски, презентираше и кратки апстракти за секоја од седумте селектирани драми во преводот.

Обраќање имаше и Fausta Speranza, реномиран писател и новинар на Радио Ватикан, која даде свој осврт кон значењето на Стефановски како реномиран македонски автор, не само во промовирањето на македонската култура, туку и во развивањето на интеркултурните и транс културалните врски надвор од земјата. Таа изрази надеж дека преводот на италијански јазик на делата на Стефановски значително ќе придонесе во насока на стимулирање на активности од овој вид.