Го доведуваа во прашање квалитетот и безбедноста. Она што тука го имам со мене, тоа е целата документација за набавка и поставување за модуларните болници, и сето тоа е со запазени строги стандарди и постапки и вакви проекти поддржани од Светска Банка. Истрагата треба да утвди дали по предавањето во употреба истжиот бил квалитетно употребуван.
Во наш најголем интерес е точно да се утврди што се случило. Самите болници и нивниот квалитет нашиот интерен увид покажаа дека се што е вградено од материјалите е со сертификат, а процесот на инсталација е со А тестирање. Сето тоа е под контрола на компанија, буквално за секој материјал вградени во болницата.
Модуларниот центар се предава на болницата, за понатамошно управување и одржување. Апелирам до граѓаните и медиумите да не создаваат паника и недоверба кон самите ковид центри кои значат многу и спасуваат многу животи. Вакви објекти се користат во многу места во светот, пожари се случуваат, и затоа апелирам се чека резултатот од истрагата прво, изјави Филипче.