Во „Само интервју” на ТВ Канал 5 министерот рече дека лекарот што бил на терен и ја проценил ситуацијата, направил се што треба, го контактирал надлежниот директор на Здравствениот дом, но треба, рече, да се истражи останатиот дел каде затаила комнуникацијата меѓу институциите.

Посочи дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ќе истражи што точно се случило зашто, како што рече, има на располагање хеликопотери од полицијата и од војската.

– Нека заврши истрагата, зашто во оваа итна служба многу вложивме во минатиот период, и во опрема, и во луѓе, истакна Филипче.

Во однос на проблемите со недостиг на кадар и амбулантни возила на Итната медицинска помош, министерот посочи дека во финална фаза се согласности за нови вработувања и се работи интензивно повеќе од две-три години на зајакнуваање на оваа служба.

Рече дека во Скопје затекнале 12 возила, а сега има 24 и додаде дека со измена на Законот за здравствена заштита услов за специјализација на сите млади лекари со лиценца е да поминат шест месеци и за тоа да бидат платени. За да научат, рече, како се работи на терен – во Итната медицинска помош на вакциналните пунктови и во патронажните тимови. Лани биле ангажирани 150, а оваа година 80 се на располагање во здравствените домови за помош во сите овие сервиси.