Сите анализи укажуваат дека училишната година треба да почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство Филипче. Додава дека засега ситуацијата се стабилизира, Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под нула. Рече дека и денеска има околу 880 новоинфицирани, но единствениот начин да им се помогне на децата е да се вакцинираат возрасните, за да се заштитат родителите и постарите лица, како бабите и дедовците. Доколку се појави позитивен случај во училиште, епидемиолозите ќе проценат дали паралелката ќе треба да се префрли на онлајн настава или таа да се изведува комбинирано.
Тестирање на децата, кое е препорачано од СЗО и УНИЦЕФ, засега нема да има. Но, ако има индикација за тоа, ќе се направи рапид тестирање на учениците, но за тоа ќе одлучи епидемиолог.
Тоа што ЕУ вчера ја стави Македонија на црвената листа на небезбедни земји каде расте инфекцијата, Филипче вели дека тоа ни оди во прилог бидејќи целта е да се вакцинираме, затоа што и во ЕУ земјите влез во институции е дозволен само на вакцинирани граѓани.