Како што се вели во партиското соопштение, Филипче ја искористил приликата да упати благодарност до сите лекари и медицински лица за нивната пожртвуваност во борбата против пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека во целата коронакриза токму младите лекари го презеле поголемиот товар и дека тие целосно го заслужиле пиетот херои на ова време.
Во делот на партиското функционирање Филипче посочи дека СДСМ одамна е препознаена како одговорна власт но и како партија која дава шанса на младите.
– СДСМ е препознаена како одговорна власт која ги решава проблемите во интерес на граѓаните. Вклучувањето на младите во сите процеси, малдинската застапеност од една третина или 33 отсто е сериозен знак, но тоа носи и одговорност. Од вас младите се очекува нов перформанс, не треба да бидете само пристуни туку треба и да го чуеме вашиот глас. Сите имате одговорност да дадете дополнителна вредност. Искористете го времето пред вас да ве препознае средината, да напредувате постојано. Имате и одговорност пред нас повозрасните, ние од вас очекуваме нови идеи нова енергија, а ние сме тука да ви помогнеме, посочи потпретседателот Филипче на четиринаесеттиот летен камп на СДММ „Трајче Нешкоски“ кој традиционално се одржува во Охрид.